Во процесот на управување со средствата Друштвото го применува долгогодишното искуство со кое располага WVP Групацијата, особено инвестициската политика на вложување на затворениот инвестициски фонд WVP Invest од Австрија.
ВФП ЕТИКС АКЦИИ – отворен инвестициски фонд, основан со одобрение од Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија со Решение број УП1 08-52 од 22.07.2024 година
Инвестициската цел ќе се оствари преку професионално управување со средствата на фондот, односно креирање на портфолио на хартии од вредност на најразвиените и најрегулирани пазари во светот. Во фокус на инвестициската политика на фондот ќе бидат големите компании – „Large Caps” кои се лидери во сопствените индустрии и имаат континуирана и растечка историја на исплата на дивиденда кон инвеститорите.
Во процесот на вложувањето особено внимание ќе се обрне на минимизирање на ризиците кои може да се јават кај овој вид на инвестирање. Фондот ќе инвестира исклучиво во компании со над 2 милијарди евра пазарна капитализација од развиени држави, при тоа бирајќи компании со солидни фундаменти кои се во согласност со шеријатските етички принципи и држење на истите на долг временски период чекајќи да испорачаат раст на своите добивки од своето делување.
Процесот на креирање на портфолио на хартии од вредност започнува со исклучување на сектори и активности кои не се во согласност со шеријатските принципи, односно, во
изборот на компании, се исклучуваат компаниите со повеќе од 5% од нивните вкупни приходи од:
• Алкохол
• Производи од свинско месо
• Тутун
• Коцкање
• Порнографија
• Конвенционални финансиски услуги
• Конвенционално осигурување
• Тргување со злато и сребро на одложена готовинска основа
Друштвото ќе води сметка ниту една компанија вклучена во портфолиото да нема сооднос помеѓу долгот и пазарната капитализација на компанијата повисок од 33% или поседува готовина и краткорочни финансиски инструменти кои изнесуваат повеќе од 33% од нивната пазарна капитализација. Овој строг финансиски критериум обезбедува усогласеност со шеријатските закони во врска со каматата и долгот
За кого е наменет?
Совршен е за:
- инвеститори со стабилни приходи,
- инвеститори што имаат инвестициски период над 10 години,
- помлади луѓе,
- инвеститори што се спремни да преземат високо ниво на ризик.

MK
EN