ВФП Фонд Менаџмент – АД Скопје

237

+Милиони евра инвестирани средства

12000

+Клиенти инвеститори

40

+Години Австриски Know-How

* Бројките се однесуваат на податоци од 31.01.2026

ВФП ФОНД МЕНАЏМЕНТ АД Скопје

Друштво за управување со отворени и затворени инвестициски фондови, основано на ден 13.08.2014 година, а започна со работа по добивањето на одобрение од Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија, со Решение брoj УП 1 08-67 од 19.09.2014 година. Уписот во Централниот регистар на Република Северна Македонија е извршен на ден 25.09.2014 година. Друштвото е основано на неопределено време.

Уплатениот капитал на Друштвото изнесува 525.000,00 евра, поделен на 525.000 обични акции со номинална вредност од 1 евро по акција, во денарска противвредност според среден курс на НБРМ.

Доминантен акционер на Друштвото е ВФП Осигурително Брокерско Друштво АД Скопје со 65% учество во вкупниот сопственички капитал.

Каков е системот на управување на ВФП ФОНД МЕНАЏМЕНТ АД Скопје?

Друштвото има едностепен систем на управување – Одбор на директори. Мандатот на членовите на Одборот на друштвото согласно статутот на Друштвото трае 5 години од денот на именување. Сегашниот состав на Одборот на директори е составен од следните лица:

  • Петар Андреевски – Главен извршен директор;
  • Андријана Поповска – Извршен директор;
  • Руперт Стробл – Претседател на Одбор на директори / Неизвршен член на Одбор на директори
  • Блаже Петрески – Неизвршен член на Одбор на директори;
  • Стефан Вили Сајбл – Независен и неизвршен член на Одбор на директори

Друштвото е акционер во друштва за управување со инвестициски фондови во Р. Албанија, Р. Србија, Република Босна и Херцеговина, Република Црна Гора и Република Бугарија. Учеството во сопственоста на друштвото во Р. Албанија изнесува 49,5% од основната главнина, во Р. Србија учествува со 30% од основната главнина, во Р. Босна и Херцеговина со 25% од основната главнина, во Црна Гора со 25% од основната главнина и во Бугарија со 37% од основната главнина.

Од своето постоење досега Друштвото успеа да ја добие довербата од вкупно 10 финансиски институции, да создаде заеднички производ со 3 многу успешни осигурителни компани, од кои 2 австриски и 1 регионална осигурителна компанија, да стане неприкосновен лидер по средства под управување од Unit-linked производи во Република Северна Македонија. За само неколку години Друштвото успеа да се пробие во најголемите 3 Друштва по средства под управување во Македонија и да има повеќе од 237 милиони евра под управување заклучно со 31.01.2026 година.

На глобално ниво друштвото вработува повеќе од 500 лица задолжени за различни задачи. Низ годините, човечките капацитети кои се директно инволвирани во ВФП групацијата успешно придонеле за менување на светот на финансиите и вложувањето како индустрија.

Друштвото верува и континуирано напорно работи кон продолжување на досегашниот тренд и исполнување на очекувањата на клиентите.

Каква е работата на друштвото?

Работи на управување со инвестициски фондови кои ги врши друштвото за управување се:
1) управување со имотот на инвестицискиот фонд;
2) рекламирање на инвестициските фондови и продажба на удели во отворените инвестициски фондови, односно акции во затворените инвестициски фондови и
3) административни работи кои се однесуваат на:
– водење на деловни книги и сметки и изготвување на финансиски извештаи,
– воспоставување и одржување на односи со вложувачите, – утврдување на вредноста на имотот на инвестицискиот фонд и пресметка на цената на уделот,
– усогласување на работењето на друштвото за управување со законите и други прописи, – објавувања и известувања на акционерите и сопствениците на удели,
– распределба на добивката на инвестицискиот фонд,
– издавање и откуп на удели во отворените инвестициски фондови и – водење регистар на сопствениците на удели, односно акционерите.

Друштвото има дозвола да врши управување со средства за сметка на индивидуален клиент – сопственик на портфолио, како и да работи на инвестициско советување на клиенти согласно добиеното решение со број 01 УП 08-40 од 28.04.2017 година издадено од Комисијата за Хартии од Вредност на Република Северна Македонија.

Фондовите под управување на ВФП Фонд Менаџмент АД Скопје се управувани од искусни познавачи од областа на пазарите на капитал со воспоставени аналитички процеси со кои се овозможува дневна грижа, за да се понудат квалитетни решенија во секој момент. Со ова на клиентите им овозможуваме бројни можности за избор на инвестиција која најдобро одговара на потребите, очекувањата и инвестицискиот профил на клиентите.

Управувањето со ризици вклучува целосно и навремено препознавање на ризиците на кои е или можело да биде изложено работењето на Друштвото и анализа на причините за нивно настанување.

Тип на ризик Степен на влијание
Оперативен ризик среден
Ризик од несолвентност низок
Инвестициски ризици
пазарен ризик низок
валутен ризик низок
кредитен ризик низок
каматен ризик низок
ликвидносен ризик низок
Стратешки ризик низок
Репутациски ризик низок

 

Офицер за заштита на лични податоци:

Марко Трајановски

marko.trajanovski@wvpfondovi.mk

+389 (2) 32 800 82

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.