ВФП Дивиденда Акции

ВФП Дивиденда Акции е за луѓе што не сакаат инвестицијата да „чека” години за да се види ефект. Ширум светот, овој метод е добро разработен: дивиденден пристап каде што дел од профитот се враќа кај инвеститорите како реална исплата, а не само како бројка на екранот.

Дивидендата можете реално да ја искористите или повторно да ја вложите, со што добивате и чувство на напредок и ефект на акумулација во исто време. Токму затоа, ваквите фондови се користат како мост меѓу растот и приходот.

Дознај повеќе!
176.7397 MKD 08.04.2026
5 / 7
10+ години
Акциски

За кого поточно е наменет фондот ВФП Дивиденда Акции?

31

+ Милиони евра инвестирани средства

1600

+ Клиенти инвеститори

40

+ Години Австриски Know-How

* Бројките се однесуваат на податоци од 31.01.2026

ВФП Дивиденда Акции е вистинскиот фонд за Вас доколку сакате да остварите атрактивен принос преку искористување на глобалниот раст на светската економија, особено на најразвиените економии во светот како САД, ЕУ и Велика Британија. ВФП Дивиденда Акции е првиот отворен инвестициски фонд во Македонија кој ќе исплаќа дел од добивката како дивиденда на инвеститорите во фондот. Преку инвестирање во ВФП Дивиденда Акции може да очекувате зголемување на сопствениот капитал со искористување на:

  • Развој и дивиденден потенцијал – Континуираниот развој и иновативност на светски брзорастечки корпорации кои ја дефинираат иднината и „Dividend stocks” компании кои исплаќаат високи дивиденди и кои во периоди на намалена економска активност остваруваат позитивни резултати од работењето
  • Приход од дивиденда – Остварување на приходи од исплата на дивиденда од фондот
  • Професионално управување – Професионално управување на средствата на фондот
  • Намалување на пазарен ризик – Можност да го намалите пазарниот ризик од купување акции (вложување на берза) без соодветно знаење
  • Индиректно сопствеништво во странски компании – Можност да станете индиректни акционери во странски познати компании
  • Баланс на принос и ризик – Атрактивен принос со умерен ризик
  • Реинвестирање на добивката – Автоматско реинвестирање на добивката
  • Оптимизирани трошоци – Намалени трошоци за управување со средствата
  • Меѓународна диверзификација – Диверзификација на портфолиото по земји, валути и инструменти;
  • Транспарентност и достапност – Можност за следење (преку веб-апликацијата) и достапност на вложените средства во секој момент
  • Репутација и експертиза – Експертиза и имиџот кој го има изградено Друштвото за управување

За кого е совршен овој фонд?

Во процесот на управување со средствата Друштвото го применува долгогодишното искуство со кое располага WVP Групацијата од Австрија.

ВФП Дивиденда Акции e отворен инвестициски фонд, основан со одобрение од Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија со Решение број УП1 08-117 од 29.12.2020 година.

Овој фонд ќе биде совршен за вас ако сте:

  • инвеститори кои кога инвестираат сакаат годишно да го почувствуваат бенефитот од тоа да се биде инвеститор преку добивање на дивиденда од направената инвестиција
  • инвеститори кои сакаат да имаат дополнителен извор на пасивни приливи
  • инвеститори кои имаат инвестициски период над 10 години,
  • инвеститори кои се спремни да преземат високо ниво на ризик.
Alphabet Inc 4.22%
Nvidia Corp 3.49%
Roche Holding AG 3.32%
Lam Research Corp 3.19%
ASML Holding NV 3.02%
Microsoft Corp 2.99%
Apple Inc 2.85%
Applied Materials Inc 2.63%
Allianz SE 2.34%
Meta Platforms Inc 2.31%

*Податоци од 31.01.2026

Финансиски и ревизорски извештаи за ВФП Дивиденда Акции о.ф.

За да станете инвеститор во фондот ВФП Дивиденда Акции треба да:

  1. Попoлнувате барање за купување удели во ВФП Дивиденда Акции.
  2. Откако ќе ја добиеме комплетираната документација од ваша страна, Ви праќаме инструкции за уплата на средствата во Фондот. Уплата на средствата може да се врши само преку банка;
  3. Првиот работен ден откако ќе ги добиеме вашите вложени средства, ВФП Фонд менаџмент АД Скопје ви издава „Потврда за купување удели” и ќе ви ја испрати на e-mail адресата наведена во Пристапницата.
  4. За откуп на дел или на сите удели од фондот, потребно ви е само да ни испратите пополнето барање за откуп на удели.

Документи

Одлуки за исплата на дивиденда

Ризик на WVP Дивиденда Акции

Стратегијата според која се гради портфолиото на Фондот ВФП Дивиденда Акции содржи високо ниво на ризик, коj е повисок од ризикот карактеристичен за паричните фондови или пак за фондовите кои инвестираат исклучиво во должнички хартии од вредност (обврзници), но во исто време е понизок од ризикот на оние фондови кои исклучиво инвестираат во акции од mid-cap, small- cap или start up компании.

Пресметката на категоријата на ризичност се заснова на историското движење на цената на уделите и нето-вредноста на имотот на Фондот од почетокот на постоење.

Типови на ризик Прочитај повеќе
Тип на ризик Степен на влијание
ВФП Дивиденда Акции
Пазарен (Промена на:)
цени на хартиите висок
каматните стапки низок
девизните курсеви среден
ликвидносен ризик низок
Кредитен ризик низок
Политички ризик низок
Промена на доночни прописи низок
Ризик од друга договорна страна низок
Оперативен ризик среден
Ризик поврзан со чување на имотот на фондот низок

Пазарен ризик – Зависи од движењето на пазарните цени на хартиите од вредност кои се составен дел на портфолиото на Фондот.

Кредитен ризик – Веројатност дека издавачот на одредена хартија од вредност нема да биде во состојба, во целост или делумно, да ги подмири своите обврски во моментот кога тие ќе доспеат.

Каматен ризик – Промената на каматните стапки може позитивно или негативно да се одрази на вредноста на средствата на Фондот, бидејќи поголемиот дел од средствата ќе бидат инвестирани во должнички хартии од вредност и депозити во овластени банки во Р. С. Македонија.

Валутен ризик – се јавува при промената на цената на една валута во однос на друга.

Ликвиден ризик – Веројатност дека Фондот во одреден момент ќе има потешкотии при изнаоѓање на средства за да ги подмири обврските поврзани со повлекување на удели од Фондот како резултат на неможноста брзо да се продадат финансиските средства по цена приближно еднаква на нивната реална вредност, пред сé поради моменталната неповолна побарувачка на пазарот.

Политички ризик – Веројатност од евентуални политички кризи во земјите во коишто инвестирал Фондот согласно овој Проспект, може да доведе до промена на имотот на Фондот.

Ризик од промена на даночните прописи – Веројатност дека законодавната власт, во Република Македонија или во странство, ќе ги промени даночните прописи на начин кој негативно би влијаел на приносот на Фондот.

Оперативен ризик – ги сумираат сите неизвесноти кои се составен дел од секојдневните деловни активности на Друштвото. Истите може да произлезат од пропусти во внатрешните процеси, човечки., информатички, правни и системски грешки.

Често поставувани прашања

Што е разликата меѓу ВФП Дивиденда Акции и обичните акциски фондови?

ВФП Дивиденда Акции се фокусира на големи мултинационални компании со стабилни здрави фундаменти од развиениот свет, но наместо да ја реинвестира дивидендата која ја добива од компаниите, на годишно ниво ја исплаќа на трансакциска сметка на инвеститорите на фондот. Ова обезбедува годишен извор на прилив за инвеститорите.

Дали со ВФП Дивиденда Акции инвеститорите добиваат дивиденда?

Да, дивидендата се исплаќа еднаш годишно со одлука на Друштвото за исплата на дивидендата, наспроти реинвестирање на износот кој е акумулиран од дивиденди од компаниите во фондот.

За кого е погоден овој ВФП Дивиденда Акции фондот?

Овој фонд е погоден за инвеститори кои бараат комбинација од приливи на сметка и умерен раст на инвестираните средства на долг рок.

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.