ГРАВЕ ГЛОБАЛ

Дознај повеќе!
179.5209 MKD 08.04.2026
5 / 7
10+ години

Финансиски и ревизорски извештаи за Граве Глобал о.ф.

Ризик на Граве Глобал

Типови на ризик Прочитај повеќе
Вид на ризик Степен на влијание
ГРАВЕ ГЛОБАЛ
Пазарен ризик Висок
Каматен ризик Низок
Кредитен ризик Низок
Ликвидносен ризик Низок
Валутен ризик Среден
Ризик од промена на даночните прописи Низок
Политички ризик Низок
Оперативен ризик Среден

 

Пазарен ризик – Нето вредноста на уделот во Фондот зависи од движењето на пазарните цени на хартиите од вредност кои се составен дел на портфолиото на Фондот. Намалувањето на цената на хартиите од вредност може да доведе до намалување на вредноста на портфолиото на Фондот и на остварените приноси и обратно, зголемувањето на цената на хартиите од вредност може да доведе до зголемување на вредноста на портфолиото на Фондот и на неговите приноси. Со цел на заштита од пазарниот ризик, Друштвото ќе се залага за негово минимизирање преку диверзифицирање на портфолиото, согласно со принципот на дистрибуција на ризикот.

Каматен ризик – Промената на каматните стапки може позитивно или негативно да се одрази на вредноста на средствата на Фондот, а особено на оној дел од средствата кој ќе биде инвестиран во депозити во овластени банки во Р. Северна Македонија. Со цел намалување на овој ризик, Друштвото средствата од фондот ќе ги орочува на различен временски период до максимум една година.

Кредитен ризик – Кредитниот ризик представува веројатност дека издавачот на одредена хартија од вредност нема да биде во состојба, во целост или делумно, да ги подмири своите обврски во моментот кога тие ќе доспеат. Неисполнувањето на обврските од страна на издавачите на хартии од вредност би имало влијание на ликвидноста и би ја намалило вредноста на Фондот. Друштвото ќе го минимизира овој ризик со тоа што во своето портфолио Фондот нема да вложува во должнички хартии од вредност (обврзници).

Ликвиден ризик – Ризик поврзан со ликвидноста претставува веројатност дека Фондот во одреден момент ќе има тешкотии при изнаоѓање на средства за да ги подмири обврските поврзани со повлекување на удели од Фондот како резултат на неможноста брзо да се продадат финансиските средства по цена приближно еднаква на нивната реална вредност, пред сè поради моменталната неповолна побарувачка на пазарот. Друштвото ќе управува со ликвидниот ризик преку вложување во најликвидни хартии од вредност.

Валутен ризик – Валутниот ризик претставува форма на ризик која се јавува при промената на цената на една валута во однос на друга. Фондот во своето портфолио поседува хартии од вредност деноминирани во различни валути и можните промени на овие валути во однос на домашната валута може да доведат до зголемување или намалување на вредноста на уделите. Овој ризик Друштвото ќе го редуцира со диверзификација на портфолиото во различни валути.

Ризик од промена на даночните прописи – Веројатност дека законодавната власт, во Република Северна Македонија или во странство, ќе ги промени даночните прописи на начин кој негативно би влијаел на приносот на Фондот. Ризикот од промена на даночните прописи во целост е надвор од доменот на влијание на Друштвото.

Политички ризик – Можноста од евентуални политички кризи во земјите во коишто инвестирал Фондот согласно овој Проспект, може да доведе до промена на имотот на Фондот. За да се заштити од овој ризик Друштвото ќе го инвестира имотот на Фондот на начин што ќе овозможи што помало изложување на пазарите на кои може да се очекува политичките кризи да имаат поголемо влијание.

Оперативен ризик – Ризик од загуба поради несоодветни или слаби внатрешни процеси, несоодветен кадар и несоодветни или слаби системи и надворешни настани. Оперативниот ризик го вклучува и правниот ризик, ризикот од перење пари и финансирање на тероризмот, како и ризикот од несоодветност на информациските системи за работа.

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.