ВФП БОНД

ВФП Бонд е фонд кој комбинира стабилност и потенцијал за раст преку внимателно избрани обврзници (должнички инструменти) од пазари во развој. Со фокус на умерен ризик и дисциплинирана распределба на средствата, фондот има потенцијал да оствари принос кој може да биде повисок во споредба со традиционалните депозити…

Професионалното управување, географската диверзификација и автоматското реинвестирање создаваат структура која работи континуирано во ваша корист.

Дознај повеќе!
133.0969 MKD 08.04.2026
3 / 7
1-10 години
Обврзнички

За кого е наменет овој фонд?

Според инвестициската стратегија, фондот е првенствено наменет за инвеститори што не сакаат своите средства да ги изложат на висок ризик и кои на среден рок сакаат да остварат атрактивен принос на своите средства.

За реализација на инвестициската цел, Друштвото ги вложува средствата на имотот на Фондот претежно во должнички преносливи хартии од вредност (краткорочни и долгорочни), инструменти на пазарот на пари, како и депозити, односно инструменти со иста или слична стратегија на вложување.

Најмалку 60% од имотот на фондот ќе биде инвестиран во обврзници на издавачи кои имаат седиште во земји со пазари во развој, со препорачан инвестициски рејтинг или без препорачан инвестициски рејтинг. Останатитот дел од имотот на фондот може да биде инвестиран во обврзници на издавачи кои немаат седиште во земји со пазари во развој, депозити и пари на сметка на овластени банки во Р.С. Македонија и инвестициски фондови со иста или слична стратегија.

Зошто да инвестирате во ВФП БОНД?

7

+ Милиони евра инвестирани средства

1000

+ Клиенти инвеститори

40

+ Години Австриски Know-How

* Бројките се однесуваат на податоци од 31.01.2026

ВФП БОНД е отворен инвестициски фонд, основан со одобрение од Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија со Решение број УП 1 08-80 од 16.12.2016 година.

Главни мотиви за инвеститорите во фондот се:

  • Можност за изложеност на средствата на инвеститорите во финансиски инструменти надвор од Р. Македонија – географска дисперзија;
  • Атрактивен принос во однос на депозити со девизна клаузула во банките во Р. Македонија;
  • Диверзификација на портфолиото во повеќе финансиски инструменти со умерен ризик;
  • Ликвидност на средствата;
  • Професионалното управување на средствата на фондот;
  • Автоматското реинвестирање на добивката;
  • Можноста за следење (преку веб-апликацијата) и достапност на вложените средства во секој момент.

 

Овој фонд е идеален за:

  • инвеститорите што претпочитаат понизок ризик од ВФП Премиум Акции
  • за инвеститори што имаат намера да ги искористат средствата за остварување на сопствени цели за пократко од 10 години, а подолго од 1 година.
  • за постари и поконзервативни инвеститори.

 

Финансиски и ревизорски извештаи за ВФП Бонд о.ф.

За да станете инвеститор во фондот ВФП Бонд треба да:

  1. Попoлнувате барање за купување удели во ВФП Бонд.
  2. Откако ќе ја добиеме комплетираната документација од ваша страна, Ви праќаме инструкции за уплата на средствата во Фондот. Уплата на средствата може да се врши само преку банка;
  3. Првиот работен ден откако ќе ги добиеме вашите вложени средства, ВФП Фонд менаџмент АД Скопје ви издава „Потврда за купување удели” и ќе ви ја испрати на e-mail адресата наведена во Пристапницата.
  4. За откуп на дел или на сите удели од фондот, потребно ви е само да ни испратите пополнето барање за откуп на удели.

Документи

Ризик на WVP Бонд

Инвестициската политика според која се гради портфолиото на Фондот ВФП Бонд содржи умерено ниво на ризик, кое е повисоко од ризикот карактеристичен за паричните фондови, а во исто време е понизок од ризикот на фондовите што вложуваат во акции.

Типови на ризик Прочитај повеќе
Тип на ризик Степен на влијание
ВФП Бонд
Пазарен (Промена на:)
цени на хартиите висок
каматните стапки висок
девизните курсеви среден
ликвидносен ризик низок
Кредитен ризик среден
Политички ризик низок
Промена на доночни прописи низок
Ризик од друга договорна страна низок
Оперативен ризик среден
Ризик поврзан со чување на имотот на фондот низок

 

Во рамки на постапката за идентификација на ризиците, согласно инвестициската политика и планираната стрктура на вложување на фондовите, наведена во Проспектот на инвестицискиот фонд, друштвото ги идентификува следните инвестициски ризици:

Пазарен ризик – Зависи од движењето на пазарните цени на хартиите од вредност кои се составен дел на портфолиото на Фондот.

Кредитен ризик – Веројатност дека издавачот на одредена хартија од вредност нема да биде во состојба, во целост или делумно, да ги подмири своите обврски во моментот кога тие ќе доспеат.

Каматен ризик – Промената на каматните стапки може позитивно или негативно да се одрази на вредноста на средствата на Фондот, бидејќи поголемиот дел од средствата ќе бидат инвестирани во должнички хартии од вредност и депозити во овластени банки во Р. С. Македонија.

Валутен ризик – се јавува при промената на цената на една валута во однос на друга.

Ликвиден ризик – Веројатност дека Фондот во одреден момент ќе има потешкотии при изнаоѓање на средства за да ги подмири обврските поврзани со повлекување на удели од Фондот како резултат на неможноста брзо да се продадат финансиските средства по цена приближно еднаква на нивната реална вредност, пред сé поради моменталната неповолна побарувачка на пазарот.

Политички ризик – Веројатност од евентуални политички кризи во земјите во коишто инвестирал Фондот согласно овој Проспект, може да доведе до промена на имотот на Фондот.

Ризик од промена на даночните прописи – Веројатност дека законодавната власт, во Република Македонија или во странство, ќе ги промени даночните прописи на начин кој негативно би влијаел на приносот на Фондот.

Оперативен ризик – ги сумираат сите неизвесноти кои се составен дел од секојдневните деловни активности на Друштвото. Истите може да произлезат од пропусти во внатрешните процеси, човечки., информатички, правни и системски грешки.

Често поставувани прашања

Што значи кога ВФП Бонд вложува во обврзници?

Фондот инвестира во должнички инструменти издадени од држави или компании. Овие инструменти исплаќаат камата, што претставува извор на приход. Обврзниците генерално се помалку волатилни од акциите, што придонесува за поголема стабилност на фондот.

Дали ВФП Бонд фондот е побезбеден од акцискиот фонд?

Во принцип, да. Обврзничките фондови имаат пониско ниво на ризик и помали ценовни осцилации во споредба со акциските фондови. Сепак, тие се изложени на ризици како промена на каматни стапки и кредитен ризик, па затоа не се целосно без ризик.

Каков принос може да се очекува од ВФП Бонд?

Приносот е умерен и е вообичаено понизок од акциските фондови, но е, исто така, постабилен. Зависи од структурата на портфолиото, каматните стапки и квалитетот на издавачите. Овој тип на фонд е погоден за инвеститори кои бараат баланс помеѓу ризикот и приносот.

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.