ВФП Групација

ВФП Фонд Менаџмент АД Скопје, Друштво за управување со отворени и затворени инвестициски фондови, е дел од групацијата за финансиско советување WVP Group од Грац, Австрија.

Која е ВФП Групација?

ВФП како групација е пионер во полето на напредни финансиски услуги, застапена на просторот на цела Источна Европа. Основана во 1985 година во Грац, Австрија, својата иновативност ја промовира и надвор од границите на Австрија каде што прераснува во препознатлив бренд со докажана доверба. WVP Group е лидер во посредување и продажба на осигурителни и финансиски продукти во 15 земји во Централна и Југоисточна Европа со повеќе од 40 години искуство.

Приказната на WVP Group во Република Македонија почнува во 2005 година преку Осигурително брокерското Друштво ВФП АД Скопје.

ВФП АД Скопје е пазарен лидер со 23 милиони евра бруто полисирана премија на пазарот на осигурителни брокерски друштва во Република Северна Македонија. Покрај водечката позиција на пазарот на животно осигурување, Друштвото е клучен играч и на пазарот на здравствено осигурување. ВФП АД Скопје има над 80 лиценцирани осигурителни брокери и развиена мрежа на професионалци, преку која континуирано поставува високи стандарди во осигурителното посредување и гради долгорочна доверба со своите клиенти.

Успехот на оваа компанија претставуваше основа за почетокот на ВФП Фонд Менаџмент АД Скопје во 2014 година.

Нашата сигурност за успехот на ВФП Фонд Менаџмент АД Скопје се базира на професионалните агенти на WVP Group во Македонија и во државите каде што е присутна нашата групација како и на 40-годишното искуството на менаџментот во инвестирање на светските берзи (WVP Invest, затворениот фонд во Австрија, од 1996 до 2014 година има просечен годишен принос од 7%).

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.