ВФП КЕШ ДЕПОЗИТ

ВФП Кеш Депозит е совршено решение за средствата што не сакате да стојат неупотребени, но ниту да бидат изложени на повисок ризик. Наместо парите кои се ликвидни да стојат на трансакциска сметка со минимална камата, тие се професионално распределени во сигурни и внимателно избрани македонски банки во депозити со договорени атрактивни каматни стапки, како и во државни обврзници и други финансиски инструменти.

Фондот е структуриран да овозможи стабилност, дневна пресметка на принос и брз пристап до средствата. Тоа го прави практична алтернатива на краткорочен депозит – со повеќе флексибилност и подобра ефикасност во управување со средствата во кеш.

Дознај повеќе!
123.7901 MKD 08.04.2026
1 / 7
Краток рок
Паричен

Зошто да инвестирате во ВФП КЕШ ДЕПОЗИТ фондот?

20

+ Милиони евра инвестирани средства

2800

+ Клиенти инвеститори

40

+ Години Австриски Know-How

* Бројките се однесуваат на податоци од 31.01.2026

Главни мотиви за инвеститорите во Фондот се:

  • Атрактивен принос во однос на ависта камата во банките во Р.М.
  • Одлична алтернатива на краткорочни депозити во банките во Р.М.
  • Диверзификација на портфолиото во повеќе сигурни финансиски инструменти;
  • Средствата се исплаќаат на Вашата трансакциска сметка еден работен ден по поднесување на барањето за откуп без никаква провизија за повлекување на средствата.
  • Пресметка на принос на дневно ниво;
  • Транспарентно следење (преку веб-апликацијата) и достапност на вложените средства во секој момент.

За кого е наменет овој фонд?

ВФП КЕШ ДЕПОЗИТ е отворен инвестициски фонд, основан со одобрение од Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија со Решение број УП 1 08-95 од 18.11.2014 година.

Како инвеститори во Фондот може да се јават сите домашни и странски, правни и физички лица како и финансиски институции, кои имаат цел да менаџираат со својата тековна или среднорочна ликвидност.

Според инвестициската стратегија, Фондот е првенствено наменет за инвеститори што не сакаат своите средства да ги изложат на висок ризик, ценовни осцилации и кои во релативно пократки рокови сакаат да остварат атрактивен принос на своите средства.

Фондот е совршен за:

  • конзервативни инвеститори што претпочитаат средствата да им се примарно пласирани во банки, бидејќи најголем дел од средствата од овој фонд се пласирани во депозити на домашни банки.
  • правни лица, кои сакаат да остварат повисок принос од приносот на трансакциска сметка на ликвидните средства што им се потребни за краток период.
  • сите физички лица, имајќи предвид дека секој човек првично има потреба од ликвидни и стабилни средства.

 

Финансиски и ревизорски извештаи за ВФП Кеш Депозит о.ф.

За да станете инвеститор во фондот ВФП Кеш Депозит треба да:

  1. Попoлнувате барање за купување удели во ВФП Кеш Депозит.
  2. Откако ќе ја добиеме комплетираната документација од ваша страна, Ви праќаме инструкции за уплата на средствата во Фондот. Уплата на средствата може да се врши само преку банка;
  3. Првиот работен ден откако ќе ги добиеме вашите вложени средства, ВФП Фонд менаџмент АД Скопје ви издава „Потврда за купување удели” и ќе ви ја испрати на e-mail адресата наведена во Пристапницата. Оваа потврда е доказ за сопственоста на вашите удели во фондот ВФП Кеш Депозит;
  4. Истиот ден добивате корисничко име и лозинка со инструкции за активирање на вашиот личен инвеститорски профил. Ова е најсовремена и единствена можност инвеститорите на ВФП Фонд менаџмент, во секое време преку Интернет да можат да ја следат состојбата на уделите и да имаат увид на сите трансакции направени во ВФП Фонд менаџмент.
  5. За откуп на дел или на сите удели од фондот, потребно ви е само да ни испратите пополнето барање за откуп на удели, кое може да го симнете на нашата веб-страница или да го побарате од вашиот личен агент.

Документи

Ризик на WVP Кеш Депозит

Инвестициската политика според која се гради портфолиото на инвестицискиот фонд ВФП Кеш депозит содржи ниско ниво на ризик, карактеристично за паричните фондови. Пресметката на категоријата на ризичност се заснова на историското движење на цената на уделите и на нето-вредноста на имотот на фондот од почетокот на постоењето.

Типови на ризик Прочитај повеќе
Тип на ризик Степен на влијание
ВФП Кеш Депозит
Пазарен (Промена на:)
цени на хартиите среден
каматните стапки среден
девизните курсеви низок
ликвидносен ризик низок
Кредитен ризик низок
Политички ризик низок
Промена на доночни прописи низок
Ризик од друга договорна страна низок
Оперативен ризик среден
Ризик поврзан со чување на имотот на фондот низок

Пазарен ризик – Зависи од движењето на пазарните цени на хартиите од вредност кои се составен дел на портфолиото на Фондот.

Кредитен ризик – Веројатност дека издавачот на одредена хартија од вредност нема да биде во состојба, во целост или делумно, да ги подмири своите обврски во моментот кога тие ќе доспеат.

Каматен ризик – Промената на каматните стапки може позитивно или негативно да се одрази на вредноста на средствата на Фондот, бидејќи поголемиот дел од средствата ќе бидат инвестирани во должнички хартии од вредност и депозити во овластени банки во Р. С. Македонија.

Валутен ризик – се јавува при промената на цената на една валута во однос на друга.

Ликвиден ризик – Веројатност дека Фондот во одреден момент ќе има потешкотии при изнаоѓање на средства за да ги подмири обврските поврзани со повлекување на удели од Фондот како резултат на неможноста брзо да се продадат финансиските средства по цена приближно еднаква на нивната реална вредност, пред сé поради моменталната неповолна побарувачка на пазарот.

Политички ризик – Веројатност од евентуални политички кризи во земјите во коишто инвестирал Фондот согласно овој Проспект, може да доведе до промена на имотот на Фондот.

Ризик од промена на даночните прописи – Веројатност дека законодавната власт, во Република Македонија или во странство, ќе ги промени даночните прописи на начин кој негативно би влијаел на приносот на Фондот.

Оперативен ризик – ги сумираат сите неизвесноти кои се составен дел од секојдневните деловни активности на Друштвото. Истите може да произлезат од пропусти во внатрешните процеси, човечки., информатички, правни и системски грешки.

Често поставувани прашања

Дали ВФП Кеш Депозит фондот е сличен на банкарски депозит?

Има слична функција, но не е идентичен со банкарскиот депозит. Фондот инвестира во нискоризични инструменти како краткорочни хартии од вредност. Нуди поголема флексибилност и потенцијално релативно повисок принос во однос на традиционалните депозити.

Дали постои ризик во ВФП Кеш Депозит фондот?

Ризикот е низок. Ваквите фондови се дизајнирани да обезбедат стабилност и зачувување на капиталот, што ги прави погодни за конзервативни инвеститори.

Кога е најпаметно да се користи ВФП Кеш Депозит фондот?

Овој фонд е соодветен кога сакате да ги зачувате средствата со минимален ризик или како дел од диверзифицирано портфолио. Често се користи за краткорочни цели, ликвидност или како транзициска позиција пред распределба во поризични инвестиции.

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.