ВФП Премиум Акции

ВФП Премиум Акции е фонд којшто ви овозможува да остварите атрактивен принос преку инвестирање во акции од водечките светски компании и искористување на глобалниот раст на светската економија, особено на најразвиените економии во светот како САД, Германија и Швајцарија. ВФП Премиум Акции е најголем акциски фонд во Република Македонија кој успешно ги инвестира финансиските средства на илјадници граѓани уште од 2014 година.

Дознај повеќе!
206.0524 MKD 08.04.2026
5 / 7
10+ години
Акциски

Зошто ВФП Премиум Акции?

98

+ Милиони евра инвестирани средства

10000

+ Клиенти инвеститори

40

+ Години Австриски Know-How

Преку инвестирање во ВФП Премиум Акции може да очекувате зголемување на сопствениот капитал со искористување на:
  • Континуиран развој – Континуираниот развој и иновативност на познати светски корпорации т.н. „Blue chips” компании и „Dividend stocks” компании што исплаќаат високи дивиденди и остваруваат позитивни резултати од работењето дури и во периоди на намалена економска активност
  • Можност да станете индиректни акционери – Станете индиректни акционери во странски познати компании како што се Apple, BMW, Daimler, Nestle, L’Oreal, Amazon и др
  • Диверзификација на портфолиото – Диверзификацијата на портфолиото по земји, валути и инструменти овозможува распределба на ризикот и намалување на зависноста од движењата на еден пазар или една економија.
  • Професионално управување на средствата на фондот – Професионалното управување на средствата на фондот значи дека одлуките за вложување ги носат искусни менаџери со аналитичка поддршка и јасна стратегија.
  • Намалување на пазарниот ризик – можност за намалување на пазарниот ризик од купување акции (вложување на берза) без соодветно знаење;
  • Атрактивен принос со умерен ризик – Атрактивен принос со умерен ризик претставува балансиран однос меѓу потенцијалната добивка и прифатливото ниво на нестабилност.
  • Автоматско реинвестирање на добивката – Автоматското реинвестирање на добивката овозможува ефект на сложена камата и постепено зголемување на вредноста на вложувањето.
  • Намалени трошоци за управување со средствата – Намалените трошоци за управување со средствата придонесуваат поголем дел од приносот да остане во корист на инвеститорите.
  • Можност за следење и достапност – Можноста за следење (преку веб-апликацијата) и достапност на вложените средства во секој момент обезбедува транспарентност и флексибилност во управувањето со сопствените инвестиции.

Заклучно со 30.09.2025 ВФП Премиум Акции претставува најголем акциски фонд во Република Македонија.

За кого е наменет овој фонд?

Овој фонд е совршен за:

  • инвеститори со стабилни приходи,
  • инвеститори што имаат инвестициски период над 10 години,
  • помлади луѓе,
  • инвеститори што се спремни да преземат средно до повисоко ниво на ризик.

Технички детали

Во процесот на управување со средствата Друштвото го применува долгогодишното искуство со кое располага WVP Групацијата, особено инвестициската политика на вложување на инвестицискиот фонд WVP Invest од Австрија.

ВФП ПРЕМИУМ АКЦИИ – отворен инвестициски фонд, основан со одобрение од Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија со Решение број УП 1 08-95 од 18.11.2014 година.

ASML Holding NV 5.46%
Goldman Sachs Group Inc 2.81%
Roche Holding AG 2.67%
HSBC Holdings PLC 2.54%
Siemens Energy AG 2.40%
Novartis AG 2.26%
Banco Santander SA 2.25%
Allianz SE 2.19%
Unilever PLC 2.09%
Schneider Electric SE 2.08%

*Податоци од 31.01.2026

Финансиски и ревизорски извештаи за ВФП Премиум Акции о.ф.

Ризик на WVP Премиум Акции

Стратегијата според која се гради портфолиото на Фондот ВФП ПРЕМИУМ АКЦИИ содржи високо ниво на ризик, кое е повисоко од ризикот карактеристичен за паричните фондови или пак за фондовите што инвестираат исклучиво во должнички хартии од вредност (обврзници), но во исто време е понизок од ризикот на оние фондови што исклучиво инвестираат во акции од мали и средни компании или од компании од држави во развој.

Пресметката на категоријата на ризичност се заснова на историското движење на цената на уделите и нето-вредноста на имотот на Фондот од почетокот на постоење.

Типови на ризик Прочитај повеќе
Тип на ризик Степен на влијание
ВФП Премиум Акции
Пазарен (Промена на:)
цени на хартиите висок
каматните стапки низок
девизните курсеви среден
ликвидносен ризик низок
Кредитен ризик низок
Политички ризик низок
Промена на доночни прописи низок
Ризик од друга договорна страна низок
Оперативен ризик среден
Ризик поврзан со чување на имотот на фондот низок

Пазарен ризик – Зависи од движењето на пазарните цени на хартиите од вредност кои се составен дел на портфолиото на Фондот.

Кредитен ризик – Веројатност дека издавачот на одредена хартија од вредност нема да биде во состојба, во целост или делумно, да ги подмири своите обврски во моментот кога тие ќе доспеат.

Каматен ризик – Промената на каматните стапки може позитивно или негативно да се одрази на вредноста на средствата на Фондот, бидејќи поголемиот дел од средствата ќе бидат инвестирани во должнички хартии од вредност и депозити во овластени банки во Р. С. Македонија.

Валутен ризик – се јавува при промената на цената на една валута во однос на друга.

Ликвиден ризик – Веројатност дека Фондот во одреден момент ќе има потешкотии при изнаоѓање на средства за да ги подмири обврските поврзани со повлекување на удели од Фондот како резултат на неможноста брзо да се продадат финансиските средства по цена приближно еднаква на нивната реална вредност, пред сé поради моменталната неповолна побарувачка на пазарот.

Политички ризик – Веројатност од евентуални политички кризи во земјите во коишто инвестирал Фондот согласно овој Проспект, може да доведе до промена на имотот на Фондот.

Ризик од промена на даночните прописи – Веројатност дека законодавната власт, во Република Македонија или во странство, ќе ги промени даночните прописи на начин кој негативно би влијаел на приносот на Фондот.

Оперативен ризик – ги сумираат сите неизвесноти кои се составен дел од секојдневните деловни активности на Друштвото. Истите може да произлезат од пропусти во внатрешните процеси, човечки., информатички, правни и системски грешки.

Често поставувани прашања

Дали ВФП Премиум Акции фондот е ризичен?

Овој фонд носи повисоко ниво на ризик бидејќи вложува во акции на компании.

Тоа значи дека инвеститорот станува индиректно дел од сопственоста на големи мултинационални бизниси, чија вредност не е фиксна, туку зависи од нивната способност да растат, да остваруваат добивки, да се прилагодуваат на пошироки економски услови.

Затоа вредноста на фондот може значително да варира во пократки периоди.

Овој ризик не произлегува од случајност, туку од реалните деловни и пазарни фактори што влијаат врз компаниите. Сепак, токму поради тоа, ваквиот тип вложување нуди потенцијал за повисок принос на долг рок, особено за инвеститори со подолг временски хоризонт и толеранција за пазарни осцилации.

За кого е наменет ВФП Премиум Акции фондот?

Овој фонд е наменет за инвеститори кои имаат долгорочна перспектива и се подготвени да прифатат повисок ризик во замена за потенцијално повисоки приноси. Најчесто одговара на лица кои сакаат капитален раст и не зависат од краткорочна ликвидност или стабилност на вредноста.

Колку време е соодветно да се вложува во ВФП Премиум Акции фондот?

Препорачаниот период на вложување е повеќе од 10 години. Ова овозможува да се апсорбираат краткорочните пазарни флуктуации и да се искористи потенцијалот за раст. Долгорочното вложување значително ја зголемува веројатноста за позитивен вкупен принос.

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.